More

    Јаревски му кажа на Груби која е разликата меѓу македонскиот и српскиот договор со „Бехтел и Енка“

    spot_img

    Договорот  на државава со конзорциумот „Бехте и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д  и споредбата која првиот заменик премиер Артан Груби ја направи со  Србија каде што исто така овој конзорциум гради иста инфраструктура предизвика реакција од опозициските пратеници.

    Пратеникот Тони Јаревски го прокоментира ставот на Груби на својот фејсбук профил каде што и тој направи споредба на двата автопата – српскиот и македонскиот и го прашува првиот заменик премиер зошто не ги кажува разликите во постапката за договорот, а тите, според него, се:.

    1.„Бехтел и Енка“ во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.

    2.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата „Бехтел и Енка“ вреди 1.350 милијарди евра.

    4.Километар автопат во Србија од „Бехтел и Енка“ вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.

    5. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.

    Според Јаревски, Груби со информацијата дека договорите на Србија и Македонија со „Бехтел и Енка“ се исти станал покрај „координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата односно фабрика за пари, уште и фабрика за лажни вести“.

    Груби вчера на својот фејсбук профил, по информацијата дека Србија пуштила во употреба автопат кој го гради ист конзорциум прокоментира:

    „Со истиот посебен закон, со истиот договор, компанијата „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што денеска државните органи пуштија во употреба дел од автопатот. Посебен закон изгласа и Собранието, беше договорен и потпишан договор со истата фирма за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а сега Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација. Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и ја пролонгираат“.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img