More

    Јапонската централна банка ги зголеми каматните стапки

    spot_img

    Јапонската централна банка (BoJ) денеска ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2007 година, ставајќи крај на единствениот режим на негативна стапка во светот по првите знаци на силен раст на платите оваа година. Банката, исто така, ја укина својата радикална политика за контрола на приносот за јапонските државни обврзници, кои централната банка ги користеше за таргетирање на долгорочните каматни стапки со купување и продавање на обврзници по потреба.

    Банката на Јапонија ги зголеми краткорочните каматни стапки на околу 0% до 0,1% од -0,1%.

    На дводневен состанок, Централната банка на Јапонија одлучи дека краткорочните каматни стапки ќе се движат од нула до 0,1 отсто во иднина и оцени дека нејзината цел за постигнување стабилна инфлација од два отсто е „на повидок“, пренесоа тамошните медиуми.

    Банката предупреди дека нема да се вклучи во агресивни зголемувања на каматните стапки, велејќи дека „очекува дека поволните финансиски услови ќе продолжат засега, со оглед на кревкиот раст на четвртата по големина економија во светот“.

    Сепак, централната банка ќе продолжи да купува државни обврзници во вредност од „приближно иста сума“ како порано – моментално околу 6 трилиони јени месечно.

    Банката, исто така, вети дека полека ќе го намали купувањето на комерцијални хартии и корпоративни обврзници, со цел да се стави крај на практиката за околу една година.

    Овие промени означуваат историска промена и претставуваат најостро повлекување во една од најагресивните вежби за монетарно олеснување во светот, чија цел е да се извлече јапонската економија од дефлациската спирала.

    Се очекува последниот потег на Централната банка на Јапонија да  ја зголеми и јапонската сметка за сервисирање на националниот долг, кој со околу 260 отсто од БДП највисок во светот.

    Режимот на негативни стапки во Јапонија е во сила од 2016 година.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img