More

    Јапонија се обидува да го реши загрижувачкиот недостиг на работна сила и зголемениот број на смртни случаи поради прекумерна работa преку кампања за усвојување на четиридневна работна недела

    spot_img

    Јапонија се обидува да го реши загрижувачкиот недостиг на работна сила и зголемениот број на смртни случаи поради прекумерна работa преку кампања за усвојување на четиридневна работна недела.

    Јапонската влада ja поддржа идејата за пократка работна недела уште во  2021 година, откако и пратениците ја поддржаа, но  досега многу малку компании се приклучиле на новиот концепт. Податоците објавени од Министерството за турд на Јапонија, покажуваат дека само околу 8% од компаниите им дозволуваат на вработените да земат три или повеќе слободни денови во текот на неделата, додека 7% им го даваат на своите работници законски задолжениот еден слободен ден.

    Со надеж дека ќе придобие повеќе актуелни функционери, особено кај малите и средни бизниси, владата започна кампања „реформа на стилот на работа“ која промовира пократко работно време и други флексибилни аранжмани, како и ограничувања за прекувремена работа и платен одмор.

    Министерството за труд им нуди на компаниите бесплатни консултации и грантови за да ги мотивира, но  досега само 3 компании се јавиле за да побараат совет за промените, релевантните регулативи и достапните субвенции, што доволно говори колку тешко ќе се реализира новиот концепт во земја каде што владее култура на работохолик стоицизам и во која  долгите работни часови се норма.

    Една неодамнешна владина бела книга за „кароши“, јапонски термин во превод „смрт од прекумерна работа“, вели дека Јапонија има најмалку 54 такви смртни случаи годишно, вклучително и срцев удар.

    Со сегашното темпо, кое делумно се припишува на културата во земјата насочена кон работата, се очекува работоспособното население да се намали за 40% на 45 милиони луѓе во 2065 година, од 74 милиони сега, според владините податоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img