More

    Јапонија купува 400 крстосувачки ракети од САД

    spot_img

    Јапонија во денеска потпиша договор со Соединетите американски држави за купување  400 крстосувачки ракети Томахавк.

    Набавката на крстосувачки ракети доаѓа како одговор на зголемените регионални закани.

    Владата на премиерот Фуми Кишида вети дека ќе ги удвои своите годишни трошоци за одбрана на околу 10 трилиони јени (68 милијарди долари) до 2027 година, што ќе ја направи Јапонија трета по големина воена потрошувачка во светот по САД и Кина.

    Јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара во декември објави одлука да се забрза распоредувањето на некои Томахавк ракети  и јапонските ракети земја-брод тип 12 почнувајќи од фискалната 2025 година, една година пред првичниот план.

    Владата вели дека Јапонија се соочува со својата „најтешко“ безбедносно опкружување од Втората светска војна поради заканите од Кина и од Северна Кореја, што ја натера да ја засили воената соработка со САД, Австралија, Велика Британија и други пријателски нации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img