More

    Гаши, Касами и Меџити на средби во Вашингтон

    spot_img

    Лидерите на Европскиот сојуз за промена, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, заедно со советникот на премиерот Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, за време на нивната официјална посета на Вашингтон, реализираа средба со сенаторката Џони Ернст – копретседателка на групата за албански прашања на американскиот сенат и претседателка на Комитетот на Републиканците за политиките во Сенатот.

    Потврдувајќи го стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, на овој состанок се изрази јасниот став дека Албанците остануваат посветени на продлабочување на соработката со САД и ЕУ, како единствена опција која обезбедува мир и стабилност во регионот.

    „Главната тема на дискусијата беше забрзувањето и финализацијата на интеграцијата на земјата во ЕУ и геополитичките влијанија во регионот. Во овој период, кога продолжува обидот на Србија да го дестабилизира Косово, не треба да се остави простор за ова да создаде кризни зони на Балканот, бидејќи тоа им служи на руско-српските интереси, кои не сакаат доброто на Албанците. Лидерите на Европскиот сојуз ја уверија сенаторката Ернст дека оваа коалиција ќе биде најсериозниот и единствен фактор кој ќе овозможи интеграција на земјата во ЕУ, со што ќе се промени статус квото инсталирано во последните 20 години“, се вели во соопштението.

    Тие денеска во Вашингтон беа примени и од конгресменот Џим Химс, копретседател на Претставничкиот дом на САД и дел од парламентарната група за албански прашања.

    На оваа средба уште еднаш беше нагласена исклучително виталната улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста и покрај постојаните обиди за негово загрозување.

    „Албанско-американското пријателство, кое дава посебен придонес во политичкиот живот во регионот, треба уште повеќе да се продлабочува. Лидерите на ЕСП со конгресменот Џим Химс го споделија истиот став за потребата од понатамошна демократизација на земјата, како и за виталното значење на интеграцијата на земјата во ЕУ како единствена алтернатива за регионот“, се вели во соопштението.

    Во следните денови продолжуваат и другите состаноци на лидерите на Европскиот сојуз за промена со високи официјални претставници во Вашингтон, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img