More

    Јаневска: Правиме анализа за оптимизација на училишната мрежа и преземаме мерки секое дете да има пристојни услови за образование

    spot_img

    Имаме училишта кои се на два километра едно од друго, едното е централно училиште во кое има стотина деца, а во подрачното има две до три деца, и навистина е не е фер децата да не се приклучат кон своите другарчиња во централното училиште. Затоа правиме анализа дали да се затворат некои училишта, рече денеска во Охрид министерката за образование и наука Весна Јаневска.

    На новинарско прашање дали ќе следи затворање на одреден број училишта во земјава, Јаневска рече дека има одредени региони и училишта кои секако не треба и не можат да бидат затворени, кои се на голема оддалеченост и тие ќе опстојат. Таа наведе дека проектот за оптимизација на училишната мрежа во земјава е во тек, со помош на УНИЦЕФ и Светска банка и во моментов се обновуваат податоците и се прават анализи.

    – Проблемот со малиот број на деца во училиштата првенствено е проблем на децата. Јас би сакала тоа граѓаните убаво да го разберат. Тие деца, кои се по пет, шест во одредено село и тие деца се де факто изолирани од нивните врсници. Се наоѓаат во едно училиште, кое може да е реновирано, но главно се постари, сведени се сами на себе и на своите родители, наставници кои доаѓаат да ја реализираат наставата и одвреме-навреме се менуваат, но тие немаат информации за надворешниот свет и немаат можност да се социјализираат, да видат смарт табла, да видат ново модерно училиште, да се натпреваруваат со децата од сопствената генерација и дополнително да бидеме чесни и фер, тие училишта се товар на државата, се плаќаат режиски трошоци – рече Јаневска.

    Минитерката рече дека станува збор претежно за училишта во руралните средини и додаде дека превозот на учениците ќе им биде платен и учениците ќе добијат оброк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img