More

    Јанева „фатена“ дека не оди на работа кај синот и го загуби правото за делумна слобода

    spot_img

    Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово, неофицијално дознава Сител од свои извори.

    Според неофицијалните информации, по спроведената проверка, Управата за извршување на санкции констатирала неправилности во отпустот кој на Јанева и овозможуваше делумна слобода, односно да работи во канцеларија на приватна компанија.

    По направената проверка, утврдено било дека канцеларијата каде што Јанева требало да биде ангажирана воопшто не работела по што таа била упатена на целосно издржување на казната.

    – Таа била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара но со оглед дека го прекршила веќе нема да ѝ биде дозволено – потврди за „Пресинг ТВ“ директорот на Управата Александар Пандов.

    Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“ во кој беше обвинета заедно со Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img