Јахја Синвар, 60-годишен Палестинец, актуелниот шеф на Хамас во Појасот Газа, е командосот кој израелските војници го опишуваат како „палестинскиот Бин Ладен“. Дејли Мејл пишува дека тој поминал 24 години по израелските затвори и неколку пати бил апсен, а сега повторно го бараат. Се смета дека токму Синвар е одговорен за убиството на 1.300 Израелци во нападот на 7 октомври со кој започна војната во Израел.
Синвар беше ослободен во 2011 година како дел од размена на затвореници во замена за израелскиот војник Гилад Шалит.
– Јахја Синвар е лицето на злото. Тој е мозокот зад ова, исто како што беше Бин Ладен. Тој ја изгради својата кариера на убивање Палестинци кога сфати дека тие се соработници. Така тој стана познат како Касапот на Кан Јунис – изјави портпаролот на израелските одбранбени сили, Ричард Хехт.
Хехт рече дека израелските војници нема да мируваат додека Синвар не биде пронајден и убиен.
– Ќе дојдеме до тој човек и целиот негов тим – додаде Хехт.
Додека бил во затвор Синвар станал истакнат водач, а познат бил по тоа што брутално ги мачел оние кои му се спротивставиле, но и оние за кои се сомневал дека му помагаат на Израел. Тој беше прогласен за терорист и од страна на САД во 2015 година. Според израелските извори, Синвар ги пренасочува сите ресурси на Газа за финансирање на подземните тунели и за оружјето за Хамас, а со тоа ги остава жителите на Газа да живеат во сиромаштија.
По овој „суверен на Газа“ и мозок на нападите од 7 декември сега е распишана потерница. Синвар исто така беше прогласен за терорист од страна на Соединетите држави во 2015 година. Портпаролот на изралеските одбранбени сили ИДФ, контраадмиралот Хагари рече дека Синвар „е мртов човек“.