Контроверзниот бизнисмен Нефи Усеини откако во јануари 2023 година поднесе неотповиклива оставка од позицијата Советник во Советот на Општина Охрид, се подготвувал да даде неотповиклива оставка и од позицијата Претседател на огранокот на ДУИ во Охрид, дознава Редакцијата на Охридскај.
Како што дознаваме Нефи Усеини бил на ‚‚сизифови маки‘‘, од една страна има стари блиски релации со водачот на Огнената група во ДУИ, Изет Меџити, а од друга страна, имал исто така и блиски релации со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Не сакајќи да се замери ниту со Али Ахмети, а ниту со Изет Меџити, Нефи Усеини си ја подготвил својата оставка од позицијата Прв човек на ДУИ во Охрид, а на негово место за претседател би требало да биде актуелниот заменик-директор на КПУ Затвор Охрид, Мумин Ајредини.
Конечната одлука, според извори на Охридскај, Нефи Усеини требало да ја донесе до крајот на оваа недела за кога била закажана средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Мала Речица.
Видлив е фактот дека по низата скандали кои го следеа Нефи Усеини во минатото, Усеини својот градежен бизнис полека го сели во Битола, каде гради станбени згради и полека се дистанцира од политичките води.