More

    Извештајот на експертите содржи многу прашалници?

    spot_img

    Москва побара „појаснување“ од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за нејзиниот извештај за ситуацијата во украинската нуклеарна централа во Запорожје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    – Потребно е да се добијат дополнителни појаснувања, бидејќи извештајот содржи голем број прашалници… Овие појаснувања ги побаравме од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси – изјави Лавров за руската новинска агенција Интерфакс, пренесува Бета.

    Руската мисија во ОН вчера го изрази своето жалење што МААЕ не ги назначи силите на Киев како оние што ја бомбардираа електраната во Запорожје.

    Нуклеарната централа, најголемата во Европа, е во рацете на руските сили кои започнаа инвазија на Украина на 24 февруари.

    Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на околината на комплексот на електраната и за загрозување на таа локација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img