Извесен Иван го издлабил името на својата девојка на Колосеумот во Рим и со својот потег предизвика гнев во јавноста. Снимката на која се гледа како вљубениот турист врежува „Иван+Хејли“, за многу кратко време го обиколи светот, а за тоа се огласи и италијанскиот министер за култура, Џенаро Санџулијано.
– Крајно срамно и знак на голема некултура е турист да нагрдува едно од најпознатите места во светот и дел од историското наследство, рече Санџулијано.
Тој изрази надеж дека виновникот ќе биде пронајден и казнет.
Пред неколку години, руски турист беше казнет со 20.000 евра за слично дело. Италијанските медиуми наведуваат дека непознатиот сторител би можел да се соочи со слична казна доколку биде фатен.
Изграден во првиот век од нашата ера, Колосеумот е најголемиот амфитеатар во светот, римска знаменитост и главна туристичка атракција.
Секоја година, Колосеумот го посетуваат околу еден милион посетители.