More

    Изведба на најновата продукција од Националната опера и балет, балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ на 22 декември 2023 во 20.00 ч.

    spot_img

    По успешната премиера (20 декември) во Националната опера и балет на 22 декември со почеток во 20.00 часот, репризно ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ – инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов, а по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.
    Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник – Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн – Лазе Трипков, а поетско читање ќе слушнеме од актерот Никола Ристановски. Асистент костимограф е Ангела Богеска, светло: Јакуп Јакуп, Нино Митевски, Перо Марачков.
    Поезијата на Шопов односно истоимениот циклусот поезија ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

    За креативниоит тим:
    „Молитви на моето тело“ е проект во кој се вклучени 12 македонски уметници и еден уметник од Р. Албанија. Тимот е составен од уметници од различен профил, носители на македонската креативна елита, репрезенти на современиот танцов израз, но и вистински амбасадори на македонската култура во, а посебно и вон земјата, како и еден врвен визуелен уметник од Албанија, Флорија Чанга. Костимографот и идејниот творец на овој проект, Александар Ношпал со своето 25 годишно театарско искуство, особено со своите ангажмани во областа на балетската костимографија во елитните европски балетски компании (Операта Лајпциг, Дизелдорф, Бољшој Театарот итн.) создаде уникатен концепт во кој следиме органска симбиоза на различните уметнички изрази. Тој исто така е автор на костимографските решенија. Во формулирање на визуелниот дизајн се вклучени извонредниот графички дизајнер на мултумедија Лазе Трипков, младиот сценограф Михајло Стојановски, и визуелниот уметник Флорија Чанга ( Р. Албанија) кој ќе ја заокружи и оживее појдовната поетска матрица. Проектот ги соедини поетската реч на Шопов со современиот мултимедијален јазик кој е близок до генералниот тренд на светската балетска продукција.
    Соња Здравкова – Џепароска, која долги години работи како професор на Музичката академија во Скопје е единствената која на овој проект му ја даде драматуршката целина, пред се поради нејзиното големо и богато познавање на балетот и балетската уметност.
    Во кореографскиот тим се ангажирани Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, претставнички на современата танцова сцена со уникатен кореографски ракопис и автентичен естетски израз. Нивниот зрел уметнички приод ја гради диверзната танцова структура која секоја за себе постои како единствен уметнички продукт, но едновремено интерферира во комплексен организам на претставата.
    Композиторите Дарија Андовска, Александар Гроздановски, Александар Пејовски музички ја моделираат звучната подлога создавајќи инспиративен, многуслоен текст кој е во тесна интеракција/ дијалог со самата поезија на Шопов. Како апликативни сентенци во самата претстава е вклучен актерот Никола Ристановски кој ја оживеа говорно самата поезија и даде емоционална обоеност на претставата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img