More

    Израелците го опколија источниот дел на Рафа

    spot_img

    Израелски тенкови денеска го зазедоа главниот пат што го дели источниот од западниот дел на Рафа во Појасот Газа, опколувајќи го целиот источен дел градот.

    Според локалните жители, речиси постојано се слушаат експлозии и пукотници во источните и североисточните делови на градот. Пријавени се жестоки борби меѓу израелските сили и борците од палестинските исламистички групи Хамас и Исламски џихад.

    Хамас соопшти дека нападнал израелски тенкови во близина на џамија во источниот дел на Рафа по што некои светски агенции заклучија дека израелските сили навлегле од источната периферија на градот, каде што почнува неговиот изграден дел.

    Израел им нареди на цивилите да го напуштат источен Рафа, принудувајќи десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште надвор од градот.

    Израел вели дека не може да победи во војната против Хамас доколку не го нападне Рафа и не ги елиминира илјадниците палестински борци, кои, според Израел, се кријат во градот.

    Военото крило на палестинското исламистичко движење Хамас повторно со гранати го нападна преминот Керем Шалом на границата со Израел и појасот Газа, што е четврти ваков напад овој месец, забележува ДПА.

    Бригадите Изедин ал Касам информираа за нападот на Телеграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img