Израелското разузнавање предупредило за нападот на Хамас неколку недели пред 7 октомври

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелскиот јавен радиодифузер Кан вчера објави дека израелското разузнавање неколку недели пред нападот на Хамас на 7 октомври минатата година ги предупредило израелските воени претставници дека палестинската група подготвува напад.

Разузнавачката единица за сигнали на израелската војска подготвила извештај уште во септември, помалку од еден месец пред нападот на Хамас што ја предизвика актуелната војна во Појасот Газа.

Според Кан, разузнавачкиот документ на Единицата 8200 вклучувал детали за елитните борци на Хамас кои тренирале за земање заложници и планови за рации на воени позиции и израелски заедници во јужен Израел. Во извештајот било посочено и дека палестинските милитанти имаат за цел да земат стотици заложници.

Во нападот на Хамас загинаа 1.194 луѓе, главно цивили, а 25о лица беа земени како заложници, од кои 116 сè уште се во Појасот Газа.

Share This Article