More

    Израелските сили убиле тројца Палестинци на окупираниот Западен Брег

    spot_img

    Израелските сили денеска убија тројца Палестинци во Наблус на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

    Според израелската армија, тројца „вооружени терористи“ наводно пукале во војниците од возилото, кои потоа возвратиле и ги неутрализирале напаѓачите.

    Војниците објавија и дека на местото на настанот пронашле три пушки М-16, пиштол, неколку куршуми и друга воена опрема, јавува француската новинска агенција АФП.

    Ситуацијата во Израел и на палестинските територии е многу напната веќе подолго време. Од почетокот на годината, најмалку 201 Палестинец, 27 Израелци, Украинка и Италијанка се убиени во насилството меѓу Израелците и Палестинците. Овие бројки вклучуваат и борци и цивили, а на израелска страна, тие вклучуваат најмалку тројца припадници на арапското малцинство.

    На Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, речиси три милиони Палестинци и околу половина милион Израелци живеат во населби кои, според Обединетите нации, се нелегални според меѓународното право.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img