More

    Израелските одбранбени сили се пофалија дека презеле база на Хамас

    spot_img

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, со што појасот Газа практично, во моментов е поделен на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари. Истовремено, ИДФ објавија дека копнените сили презеле контрола над база на Хамас во Газа каде имало објекти за обука на терористичките оперативци, како и терористички тунели, јави Би-Би-Си.

    Исто така, началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, синоќа изјави дека армијата е подготвена „во секој момент да почне офанзива на север“, каде Израел се граничи со Либан и во последните недели се бори секој ден против ракетните напади на либанската милитантна група Хезболах.

    – Силите на ИДФ од пешадиската бригада Голани денеска го опколија градот Газа, стигнаа до морето и држат позиции. Градот Газа е исто така опколен од југ, и всушност сега постои север на Појасот Газа и југ. Сѐуште постои коридорот по кој жителите од северот на енклавата и Газа можат да се движат кон југ – рече тој, пренесува „Тајмс оф Израел“.

    Тој додаде дека армијата во моментов изведува опсежни напади во Појасот Газа.

    – Сега има обемни напади против терористичката инфраструктура, под земја и над земја – рече Хагари.

    Се наведува дека за време на борбите биле погодени повеќе од 1.600 објекти на Хамас. ИДФ соопшти дека во текот на изминатиот ден израелските воени авиони гаѓале „околу 450 цели, вклучувајќи воени комплекси, набљудувачници и противтенковски пунктови“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img