Израелски ракетен напад рано утринава ги уништи меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо во Сирија, објавија локалните државни медиуми.
Еден цивилен работник е убиен во нападот , а аеродромите се затворени, се додава во известувањето. Редовните летови до и од аеродромите во Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија, соопшти Министерството за транспорт.
Израел неколкупати ги нападна аеродромите оваа година како дел од напорите да ги запре испораките од Иран до неговите посредници од Блискиот Исток. Тука спаѓа и либанската група Хезболах.