Израелската армија објави аудио снимка од екстремист на Хамас, учесник во масакрот на југот на Израел на 7 октомври, на која се слуша како се фали пред своите родители дека убива Евреи.
Тој со возбуден глас вели дека е во Мефалсим, кибуц во близина на границата на Појасот Газа и дека самиот убил десет Евреи.
„Погледнете колку убив со свои раце! Твојот син ги уби Евреите“, рече тој, судејќи според англискиот превод. „Мамо, твојот син е херој“, заклучил „човекот од Хамас“.
На видеото може да се слушне како неговите родители го фалат. Излегува дека се вика Мухамед затоа што татко му го викал така.
Мухамед рече дека телефонски се јавува на семејството на Еврејката која штотуку ја убил и дека ќе продолжи да контактира со нив преку пораки на WhatsApp.
„Сакам да бидам со тебе“, рекла неговата мајка.
Таа аудио снимка синоќа на седницата на Советот за безбедност на ОН ја пуштил министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен.
Еден ден претходно, на странските и на израелските новинари им беше прикажано 43-минутно видео од сцени на убиства, мачење и масакр за време на нападот на Хамас.
Снимките се собрани од мобилни телефони, камери за безбедност и контролни табла, камери на телото на напаѓачите, од социјалните мрежи, видеа на членови на Хамас, жртви и спасувачи.
Тогаш беа убиени повеќе од 1.000 цивили, а најмалку 224 киднапирани. Речиси 5.800 Палестинци се убиени досега во одмаздничките бомбардирања на Израел врз Појасот Газа.
Израелската влада одлучи да им покаже дел од собраните документи на новинарите за да го спречи она што воениот портпарол го опиша како „феноменот на негирање на холокаустот се случува во реално време“, бидејќи се појавија сомнежи ширум светот за некои од најстрашните злосторства на Хамас, објавија израелските медиуми.