More

    Израел прв пат го користи системот „железен убод“

    spot_img

    Израелските воздухопловни сили за прв пат употребија вооружен систем наречен „Iron Stab“(железен убод). Тие споделија видео од системот што го користат за уништување на ракетни фрлачи на Хамас.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа започнаа „ограничени“ напади против палестинските напаѓачи и велат дека се насочени кон локациите каде што се собираат терористичките одреди на Хамас додека се подготвуваат за поширока израелска инвазија.

    „Железниот убод“ е опишан како иновативна и прецизна минофрлачка бомба“, рече Портпаролот на израелските овбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари.

    Драматична снимка од моментот кога минофрлач од 120 милиметри е пуштен, покажува дека тој паѓа пред да дојде во контакт со ракетен фрлач, а експлозијата создава огромна огнена топка додека остатоците летаат низ воздухот.

    „Iron Stab“ ги задоволува потребите на израелските одбранбени сили, прилагодувајќи ги борбените способности за борба против непријателите скриени во цивилни, урбани средини, истовремено исполнувајќи ги правните и моралните стандарди поставени од државата Израел.

    Употребата на иноваивното оружје доаѓа по изјавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галан дека операцијата на ИДФ за елиминирање на Хамас може да трае со месеци.

    – Ова треба да биде последен маневар во Газа, од едноставна причина што после него нема да има Хамас. Ќе бидат потребни еден месец, два, три, но на крајот нема да има Хамас- рече тој вчера во обраќањето пред воените команданти во штабот на воздухопловните сили во Тел Авив.

    Како дејствува ова оружје покажуваат и тест снимките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img