More

    Израел почна да ги поплавува тунелите на Хамас

    spot_img

    Израелската армија почна да пумпа морска вода во огромниот комплекс на подземни тунели на Хамас во Појасот Газа.

    Ова го објави Wall Street Journal, повикувајќи се на американски официјални претставници запознаени со операциите на израелските одбранбени сили (IDF).

    Се вели дека ова е дел од интензивните напори за уништување на подземната инфраструктура што ги поддржуваше операциите на Хамас.

    Волстрит журнал пишува дека пумпањето вода од Средоземното Море во тунелите сè уште е во рана фаза. Тоа е една од неколкуте техники што Израел ги користи за чистење и уништување на тунелите.

    „Тајмс оф Израел“ пишува дека американскиот весник претходно овој месец објави дека тактиката „се разгледува“ и дека ИД поставила 5 големи пумпи за вода во близина на бегалскиот камп Шати во градот Газа.

    Се наведува  дека тие можат целосно да ги поплават тунелите во рок од неколку недели со испумпување на илјадници кубни метри вода секој час.

    Херзи Халеви, началникот на Генералштабот на ИД, минатата недела рече дека поплавувањето на тунелот е „добра идеја“, но одби да коментира за деталите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img