Израел одби да им даде визи на претставници од Обединетите Нации

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израел одби да му даде виза на шефот за хуманитарна помош на Обединетите Нации Мартин Грифитс обзнани амбасадорот на земјата во ОН, Гилад Еран. Тој рече дека тоа е поради „шокантниот говор на Антонио Гутереш“, генсекот на ОН и побара оставка од Гутереш, пренесува Си-Ен-Ен.

– Поради неговите изјави, ќе одбиеме визи за претставниците на ОН. Веќе му одбивме виза на заменик-генералниот секретар за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс. Дојде време да им одржиме лекција – рече Гилад Еран, амбасадорот на Израел во ОН.

Што рече генсекот на ОН, Антонио Гутереш, претходно во своето излагање? Тој нагласи дека „ужасните напади на Хамас врз Израел од 7 октомври не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“.

Гутереш исто така во говорот рече дека нападот на Хамас следел по окупацијата која ги задушува Палестинците веќе 56 години и дека „ништо не може да го опрвада намерното убивања, ранување и киднапирање цивили“.

– Тие ја видоа нивната земја постојано зафатена со насилство. Нивната економија е задушена, нивните луѓе се раселени и нивните домови уништени. Нивните надежи за политичко решение на нивната мака исчезнуваат – рече Гутереш во врска со Палестинците.

Share This Article