More

    Израел изведе нешто досега невидено

    spot_img

    За време на баражниот напад на Иран со беспилотни летала и балистички ракети на 14  април, Израел изврши т.н. егзоатмосферско, односно вонатмосферско пресретнување.

    Тоа е пресретнувањето што се случи надвор од Земјината атмосфера која завршува со т.н. Карманова линија, која се смета за почеток на универзумот и се протега на околу 100 километри над површината на морето.

    Балистичките проектили со долг дострел следат елиптични траектории кои во еден дел, кој се нарекува средна фаза на курсот, ги носат надвор од атмосферата на Земјата. За време на оваа фаза, одбранбените системи се обидуваат да ги уништат ракетите пред да ги ослободат боевите глави.

    Одбранбените сателити или радари на небото трагаат по дојдовни проектили. Кога ќе бидат откриени, се лансираат ракети-пресретнувачи. Опремени со сензори и водени од податоците од радарите на Земјата, тие ги лоцираат проектилите и се судираат со нив.

    Ударот на пресретнувачот ја уништува ракетата, создавајќи облак од остатоци од проектилот и пресретнувачот. Иако остатоците генерално продолжуваат да ја следат првичната траекторија на проектилот, силите на експлозијата и отсуството на воздушен отпор предизвикуваат тој широко да се распрсне.

    На крајот, боевата глава на ракетата, доколку не е уништена при првичниот удар, може да продолжи да лета. Сепак, се очекува дека силата на експлозијата ќе ја исфрли балистичката ракета од курсот и ќе ја намали веројатноста за погодување на целта и детонација.

     

    Екстра-атмосферските пресретнувања досега беа реткост во војувањето. Тие беа главно теоретски или ограничени на симулации и вежби.

    Според аналитичката страница OODA Loop, првото вистинско екстра-атмосферско пресретнување било извршено на 31 октомври минатата година кога Израел со системот Arrow, соборил проектил лансиран од јеменските Хути.

    Пресретнувањето надвор од атмосферата е особено важно ако заканувачката боева глава е нуклеарна, биолошка или хемиска. Во такви случаи, пресретнувањето може да се случи далеку од површината на Земјата и опасните материјали ќе бидат дисперзирани во вселената наместо во атмосферата на Земјата.

    Некои експерти тврдат дека остатоците од таквите пресретнувања, доколку бидат лансирани доволно високо во експлозии, може и понатаму да претставуваат закана за објектите во орбитата, вклучително и за сателитите. Ширењето на отпадот во надворешната атмосфера би можело да доведе до формирање на слој од вселенски отпад кој орбитира околу Земјата и претставува опасност за објектите што ќе му се најдат на патот.

    Некои медиуми ги претставија овие израелски екстра-атмосферски пресретнувања како почеток на војување во вселената што може да има сериозни правни импликации.

    Имено, судирите на екстра-атмосферски височини укажуваат на потребата од донесување на цврста правна рамка која сеопфатно би се занимавала со вселенските активности. Како што напредува технологијата, правната јасност станува сè поважна за да се спречат ненамерни ескалации и да се обезбеди одговорно однесување на таа конечна граница.

    Во моментов, единствената фундаментална правна рамка која ги регулира активностите во вселената е т.н Договорот за вселената, усвоен во 1967 година. Тој ја одредува вселената како „територија на целото човештво“ и забранува поставување на оружје за масовно уништување во вселената или на небесни тела како што е Месечината. Во него се нагласува дека истражувањето и користењето на просторот треба да се спроведуваат за мирни цели.

    Израелскиот систем Arrow3 е надатмосферска антибалистички проектил дизајниран да пресретнува и уништува балистички ракети со долг дострел. Оружјето е развиено од Israel Aerospace Industries и Boeing и може да врши повеќекратни симултани пресретнувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img