Жителите на Појасот Газа изјавија дека добиле нови предупредувања од израелската армија да се преселат од север кон југ на Појасот, со дополнително предупредување дека доколку останат, може да бидат идентификувани како симпатизери на „терористичка организација“.
Предупредувањата беа испратени со летоци со името и логото на Израелските одбранбени сили (ИДФ), како и аудио пораки преку мобилни телефони низ појасот Газа.
„Итно предупредување до жителите на Газа. Вашето присуство северно од Вади Газа го става вашиот живот во опасност. „Кој ќе одлучи да не оди од северот на Газа кон југот на Вади Газа може да биде идентификуван како соучесник во терористичка организација“, се наведува во летокот.