Израел и Хамас сé поблиску до договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Israeli soldiers operate in the Gaza Strip amid the ongoing conflict between Israel and the Palestinian Islamist group Hamas, in this handout picture released on January 25, 2024. Israel Defense Forces/Handout via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY
- Advertisement -
Ad image

Сите заложници и цивили приведени во Појасот Газа ќе бидат ослободени за време на шестнеделна пауза во борбите предложени од САД, Катар и Египет на завојуваните страни Израел и Хамас, пишува денеска „Вашингтон пост“.

Израел начелно прифати делови од тој нов договор, кој сега го разгледува Хамас, пишува американскиот весник, повикувајќи се на претставници блиски до преговорите. Документот предвидува дополнителни паузи по шест недели.

Затворените членови на израелската армија потоа ќе бидат ослободени, а телата на заложниците кои загинале во заробеништво ќе бидат предадени. Преговарачите се надеваат дека продолжувањето може да доведе до траен прекин на војната што започна на 7 октомври.

Според Израел, во Газа сé уште има 109 заложници, меѓу кои и постари и деца, како и телата на 27 лица.
Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, кој беше овластен од израелскиот воен кабинет да преговара во негово име, присуствуваше заедно со шефот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, на рéазговорите во Париз во неделата, каде што се направи рамката на договорот.

Во разговорите учествуваа директорот на ЦИА Вилијам Барнс, шефот на египетското разузнавање Абас Камел и катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Египет го поднесе предлогот за одобрување до воените лидери на Хамас за кои се верува дека се некаде во Газа.

По преговорите во Париз, катарскиот премиер отпатува за Вашингтон за да разговара со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Белата куќа потоа апелираше за сите можни напори за да се обезбеди ослободување на заложниците без одлагање. Меѓу заложниците има и неколку американски државјани.

Share This Article