Израел ги предупреди жителите на јужен Либан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА .

„Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан. Ги советуваме цивилите од либанските села лоцирани во и до објектите и областите што ги користи Хезболах за воени цели, како што се оние што се користат за складирање на оружје, заради своја безбедност веднаш да заминат од опасноста“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција..

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека „Хезболах го претвори јужен Либан во бојно поле.

-Притоа, милицијата ве стави вас и вашите семејства во опасност – рече портпаролот обраќајќи им се на жителите во јужен Либан.

Хагари рече дека предупредувањето се однесува на десетици села во зона до 80 километри северно од израелската граница.

Тој додаде дека нападите врз цели во Либан доаѓаат откако ИДФ идентификуваше подготовки на Хезболах за лансирање ракети врз Израел, додавајќи дека нападите ќе продолжат за „отстранување на заканите“.

Share This Article