More

    Израел гарантира дека нема да ги таргетира нуклеарните и нафтените постројки во Иран

    spot_img

    Израел ги увери САД дека одмазднички напад врз Иран нема да ги таргетира нуклеарните и нафтените постројки на исламската република.

    Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тогаш денеска потврдија дека ќе дејствуваат врз основа на сопствените национални интереси.Американските медиуми во понеделникот објавија, цитирајќи неименувани американски претставници, дека Нетанјаху ја уверил Белата куќа дека израелскиот одмазднички напад врз Иран ќе ги има само иранските воени објекти.

    Набргу по иранскиот напад, американскиот претседател Џо Бајден го советуваше Израел да не ги нападне нафтените полиња на Исламската Република, а исто така предупреди од напади врз неговите нуклеарни постројки со цел да се избегне проширување на војната на Блискиот Исток и скок во цените на енергијата на светските берзи.

    „Го слушаме мислењето на САД, но конечната одлука ќе ја донесеме врз основа на нашите национални интереси“, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер.

    И Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот на израелската армија, Херчи Халеви, постојано му се закануваа на Техеран со одмазда откако Иран истрела околу 200 проектили кон Израел на 1 октомври.

    Се вели дека нападот бил одговор на убиствата на водачот на шиитското движење Хезболах Хасан Насрала, политичкиот лидер на палестинското движење Хамас Исмаил Ханија и иранскиот генерал Абас Нилфорушан. Се вели дека метите биле израелски воени бази.

    Израелската противвоздушна одбрана, со помош на западните сојузници, тврдеше дека пресретнала поголем дел од ракетите, но неколку сепак стигнале до своите цели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img