More

    Изменет режим на Велес-Неготино, Скопје-Куманово и Демир Капија-Смоквица

    spot_img

    На делови од три автопати во наредниот период ќе се одвиваат градежни работи и сообраќајот ќе биде под посебен времен режим, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

    На автопатот кај Велес сообраќајот ќе биде изменет до Нова година.

    „Подружница СТРАБАГ Скопје информира дека од денеска до 31 декември 2024 година ќе има времена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Велес-Неготино, поради изградбата на делницата Градско-клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација“ соопшти АМСМ.

    На дел од автопатот Скопје-Куманово ќе се поправа брзата сообраќајна лента.

    „Времен режим на сообраќај, како што информираа од ДПТУ Ескаватори – МК ДООЕЛ ќе има и на автопатот Скопје-Куманово, поточно автопат А1/А2, на делницата од клучката ТИРС Бунарџик до пред патарината Миладиновци, до 10.10.2024 година. Секој ден од 7 до 19 часпт ќе се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата сообраќајна лента, која ќе биде затворена за сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива по десната и помошната сообраќајна лента, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, се вели во соопштението.

    Измена на сообраќајот е најавена и за делницата Демир Капија-Смоквица.

    „И од Синтек инженеринг ДООЕЛ информираат за отпочнување на времена измена на сообраќајот на автопат А1, на делницата Демир Капија-Смоквица, до 1.12.2024 година. Се работи на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунелот Т1, која ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот“,  информира АМСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img