Измамен е гостиварец кој собирал пари за лекување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во ОВР Гостивар вчера попладне во 14.40 часот 31 – годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.

МВР информира дека околу 09 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација.

Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата.

Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Share This Article