More

    Изложен списокот на 5.800 српски деца кои Дијана Будисављевиќ ги спасила од логорите на смртта

    spot_img

    По многу години контроверзии пронајден е „српскиот Шиндлеров список“ кој открива имиња на децата кои биле спасени од нацистичките логори на смртта Градишка и Јасеновац во некогашната Независна Држава Хрватска (НДХ) за време на Втората светска војна. Се работи за список од 5.800 деца, претежно од српска националност, разделени од нивните мајки, кои ги спасила една жена со австриско потекло – Дијана Будисављевиќ, покренувајќи ја најголемата ваква спасувачка акција во Југославија,

    Сега, по осум децении, Музејот на жртвите на геноцидот во Белград, Србија, конечно го потврди автентичниот документ. Списокот десетина дена ќе биде изложен во музејот, пишуваат српските медиуми.

    – Автентичноста е утврдена врз основа на вештачењето извршено од Музејот на жртвите на геноцидот. Списокот ги содржи името и презимето на детето, проценетата возраст, името на таткото и на мајката, датумот и хрватскиот камп од кој е спасено, како и целосни информации за хрватското семејство на кое детето му е дадено на посвојување или на згрижувачки статус – изјави директорот на музејот, Дејан Ристиќ.

    Еден начин да се докаже автентичноста е и фактот што бројките се поклопуваат со пописите од тоа време.

    Дијана Будисављевиќ

    – Тоа е докажано и нема дилема – потенцира директорот Ристиќ.

    Никогаш нема да откриеме кој ни го даде списокот

    Музејот никогаш нема да открие кој го дал списокот од повеќе професионални и безбедносни причини, објасни Ристиќ за новинарите, но додаде дека списокот не бил пронајден во Србија. На прашањето дали Хрватска ќе реагира на ова, тој вели дека би било многу несериозно од нејзина страна. Според него, документот „не бил во јавна сопственост и државата од која дошла нема право да го бара“.

    Но, списокот кој бил изгубен во 1942 година има информации само за дел од децата. Дијана Будисављевиќ спасила меѓу 10 000 и 12 000 деца, а според еден извор дури 15 336 деца. Посетувајќи ги камповите се заразила со тифус. Доживеала три нервни слома. Ризикувала многу. Во нејзините спасувачки акции 3 254 деца починале исцрпени од тортура, глад и од болести.

    Најинтересното? Таа била хуманитарка од австриско потекло. Се родила во градот Инсбрук како Дајана Обексер. Била мажена сзадокторот Јулиле Будисављевиќ, Србин, кој се школувал во Австрија и оперирал во градот. Во 1919 година бил назначен за професор во Загреб, па така се преселиле таму.

    Споменик во Градишка и парк во Белград го носат името на Дијана.

    родната куќа на Дијана во Инсбрук, Австрија

    Агенти на ОЗНА ги собрале документите?

    По војната Дијана ги предала списоците со децата на агенти на ОЗНА по барање на хрватското Министерство за социјални работи.

    – Реков дека ако треба да го предадам досието, тогаш ќе им дадам сè. Им реков дека сум ужасно навредена. Предавам досие, тетратки за пронаоѓање непознати деца, фоторегистар и тетратка со список на лични ознаки за деца – изјавила тогаш Дијана.

    Оттогаш на списоците им се губи трагата. Бројни мајки ги барале своите деца. Сега списокот ќе биде достапен на веб-страницата на Музејот во Белград и во оригинал.

    – Голем број наши граѓани и сонародници кои живеат во странство ни се обратија со многу трогателни и емотивни пораки и прашање како можат да добијат увид во тој список, бидејќи би сакале да знаат дали некој од нивните предци се наоѓа на тој список за да можат да добијат информации за нивниот вистински, а не наметнат идентитет затоа што многу од нив не си ги знаат корените – вели Ристиќ.

    Според него, властите знаат каде е целото досие на Дијана Будисављевиќ.

    – Се обидуваме да го добиеме во наша сопственост. Но, тоа е прашање за оние кои го имаат во моментов. И нема да се откажеме – додава тој.

    Децата не си го знаат потеклото, ги облекувале во усташки униформи

    На Дијана ѝ помагале и доброволци од разни професии. Архитектот Марко Видаковиќ, професорот Камило Бреслер, тогаш вработен во Министерството за социјална заштита на НДХ, сестрите од Црвениот крст Драгица Хабазин, Јана Кох, Татјана Мариниќ.

    Дијана морала да добие писмено одобрување од тогашната Независна Држава Хрватска за да ги спаси децата. Тие биле посвојувани во хрватски фамилии, некои во објекти на Католичката црква, а некои во објекти кои биле малку подобри од концентрационите логори од кои биле спасени. Храната и сместувањето го обезбедувале приватни средства на анонимни граѓани.

    Интересно е што озлогласениот Анте Павелиќ, тогаш шеф на НДХ, им дозволил на загрепчани да посвојуваат деца од кампот само под услов да се воспитани во хрватски и усташки дух, со што би се уништила секоја трага од нивното потекло. Многу деца пораснале со променет идентитет и никогаш не ја дознале вистината за нивното потекло, религија или идентитет. Дури и претходно, во самите кампови, децата биле облекувани во усташки униформи.

    При крајот на војната се вели дека усташите самите учествувале во уништувањето на камповите, како што е случајот со најголемиот во Јасеновац, за да се забошоти и замагли нивното учество во злосторството.

    Ме однесоа во напуштена куќа, преживеав јадејќи овошје

    Во 2020 година беше откриен споменик на Дијана Будисављевиќ во Градишка. Порталот Блиц направи интервју со Милутин Вучковац (86), човекот кој имаше чест да го отвори споменикот. Тој денес е угледен и почитуван доктор и сенатор во Република Српска, но неговото детство било време на прогон, страв и хорор.

    Вели дека мајка му завивала од болка кога го разделиле од неа при спасувањето од логорот. Тој вели дека се шпекулирало дека Дијана Будисављевиќ ќе ги спаси од Јастребски, каде што завршил по Јасеновац.

    – (Дијана) дојде, се пријави и ги носеше децата на слобода, во други семејства, по домови, во интернати и слично. Одведете ги децата и вратете ги дома. Кога ме виде, ми рече, ќе те одведам, но не знам каде ќе бидеш, сите куќи ни се уништени. Ги нема твоите, нема мама, нема тетка, нема дедо, нема никој. Сепак, таа ми најде засолниште во Подградци, во куќата на некои роднини што не беше запалена и така излегов од кампот. Се хранев со овошје и шумски плодови што ги најдов – раскажува докторот кој потоа специјализирал гинекологија и работел на клиниките во Белград, Загреб, Љубљана и во Нови Сад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img