More

    Излегоа првите проекции за новиот Европски парламент, ЕПП останува најголема сила

    spot_img

    Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега – 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови.

    Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА.

    Европска народна партија (ЕПП) чиј кандидат за нов мандат за претседател на Европската комисија е Урсула фон дер Лајен, се движи кон победа на изборите за Европскиот парламент, покажуваат првичните резултати што ги објавија германските радиодифузери АРД и ЗДФ. Ова значи дека Фон дер Лајен има добра шанса да освои и втор мандат како претседателка на Европскиот совет, најмоќната позицијата во ЕУ.

    ЕПП би можела да заврши со околу 180 од вкупно 720 места во новиот состав на Европски парламент, што е стабилен резултат во споредба со изборите во 2019 година кога освои 176.

    Првата проекција за Европскиот парламент на база на резулатите од 11 земји членки изгледа вака: Централнодесничарска Европска народна партија: 181 пратеници, Социјалисти и демократи: 135, коалицијата Обнови: 82, Европски конзервативци и реформисти: 71 Екстремно десничарски идентитет и демократија: 62, Зелени: 53 и Левица: 34.

    На европските избори во соседна Грција десничарската Нова демократија и актуелна владеачка партија предводена од Кирјакос Мицотакис убедливо ја победи СИРИЗА, а ПАСОК е на третата позиција, покажуваат резултатите од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат на европските избори во Грција од агенциите за рејтинг во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

    Грција денеска одбира 21 претставник во Европскиот Парламент, а според процените на агенциите, со 80 проценти од преброени exit poll, Нова демократија би добила седум или осум пратеници, СИРИЗА четворица, ПАСОК тројца, Комунистичката партија и Грчко решение по двајца.

    Во Франција излезните анкети велат дека листата на Национален митинг (РН) на Марин Ле Пен, предводена од Џордан Бардела, излезе на првото место со повеќе од 30 отсто од гласовите. Никогаш РН не успеала да добие толку висок удел во гласовите како тоа.

    Партијата Ренесанса на претседателот Макрон, предводена од Валери Хејер, е втора со 15,2%. Социјалистите, под Рафаел Глуксман, имаат 14%.

    Во Белгрија првичните резултати покажуваат дека валонското либерално Реформско движење (МР) освоило најмногу гласови во регионите Брисел и Валонија, додека во Фландрија во тесно водство е националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА).

    Во Бугарија, паралелно со европските избори се одржаа парламентарни, а според првичните излезни анкети, убедлив победник е Бојко Борисов од партијата ГЕРБ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img