Изгубените момчиња преживеале 25 дена во амазонската прашума

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две бразилски момчиња, на возраст од седум и девет, преживеале 25 дена во прашумите на Амазон, јадејќи овошје и пиејќи дождовна вода, соопштија властите.

Браќата Глауко (7) и Глисон (9) се пронајдени на 35 километри од местото на исчезнувањето, неухранети, дехидрирани, но инаку добро.

„Тие се неухранети и сериозно дехидрирани, во болница се, но нема опасност по нивните животи. Тие веќе полека закрепнуваат“, изјави Јанварио Карнеиро да Куња Нето, здравствен службеник во Манаус, главниот град на бразилската сојузна држава Амазонас.

Момчињата, членови на домородното племе Мура, исчезнале на 18 февруари кога го напуштиле своето село во руралниот округ Маникор и влегле во густа прашума за да ловат птици.

„Тие преживеаја од дождовница и сорва, локално овошје богато со јаглехидрати“, рече Карнеиро.

Розинет да Силва Карваљо, мајката на пронајдените момчиња и нивните десет браќа и сестри, изјави за локалните медиуми дека тие биле „навикнати да јадат сорва бидејќи најстариот син секогаш носел торба полна со овошје кога одел на лов“.

Властите веќе престанаа да ги бараат, но мештаните не се откажуваат. Случајно ги пронашол семеен пријател кој отишол во прашумата да набави дрва. Пронашол постаро момче кое на грб носи помладо момче кое станало премногу слабо за да оди.

Момчињата се пренесени во болница во Манаус, каде што се лекуваат од некои инфекции и гребаници.

Нивната авантура потсетува на онаа од почетокот на минатата година, кога пилотот Антонио Сена преживеа 38 дена во прашумите на Амазон по падот на неговиот авион.

- Advertisement -
Ad image
TAGGED:
Share This Article