Изгаснат пожарот помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Целосно е изгаснат пожарот во Скопско што избувна попладнето помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци.

– Интервениравме на отворен простор помеѓу Ајватовци, Грушино и Бучинци откако првично е запалено стрниште кое се префрлило во површина со деградирана шума која се закануваше поради ветрот да помине и во боровите над Ајватовци – изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на град Скопје Звонко Томевски.

Тој соопшти дека во гаснењето учествувале три противпожарни возила и 14 пожарникари и четири лица од доброволното протовпожарно друштво од Општина Илинден, како и два авиона „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување.

Центарот за управување со кризи претходно информираше дека е локализиран големиот шумски пожар над велешкото село Отовица, што исто така избувна попладнето, на локација на која и завчера имало пожар. Со пожарот е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен, а во гаснењето исто така интервенираа авиони од ДЗС, како и 20-тина пожарникари од ТППЕ Велес со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото.

„Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (02.08.2023) беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица “Отовица”. Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода“, информираа од МВР.

Share This Article