Познатата холивудска актерка Деми Мур важи за една од најубавите жени на светот, но она што го направи по повод празникот „Ноќ на вештерките“ ја шокираше и јавноста и нејзините обожаватели.
Имено, Деми се потрудила својот костим да го направи специфичен и оригинален, па се маскирала во зомбифицирано суштество и целосно го променила својот личен опис. Иако е јасно дека е вложено многу труд и време, откако таа ги објави фотографиите на Инстаграм, следбениците не беа баш воодушевени и ѝ порачаа дека навистина претерала:
„Морничаво!“, „Навистина претера!“, „Ова изгледа премногу реално!“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.
Сепак, како што изјавила актерката, овој костим е инспириран од нејзината нова улога во филмот „Супстанца“ (The Substance) во кој ја игра Елизабет, жена која на својот 50-ти роденден открива дрога на црниот пазар со која може да направи посовршена верзија од себе. Сцените во споменатиот филм се толку страшни што гледачите го напуштија киното поради екстремностите, некои дури и повраќале на проекцијата на филмот.