Издадени се 800 прекршочни платни налози во вредност од над 21 милион денари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во април годинава извршил над 2.670 надзори и за констатираните неправилности издал над 800 прекршочни платни налози во вредност од над 21,275,000 денари.

Издадени за 295 платни налози по Закон за трговија, 105 по Закон за угостителска дејност, 72 по Закон за заштита од пушење и 290 по Закон за финансиска дисциплина, соопшти ДПИ.

Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие Одлуки од денот на нивното донесување, 07.10.2022 година, заклучно со 30 април 2023 година, извршени се над 4600 надзори, а издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 16.260.000 денари.

Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците. Практиката од непојавување на инспекторите на судските рочишта нема да ја има во иднина, посочуваат од ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат е и понатаму на терен, постапува во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.

– Во врска со поплаките од страна на граѓаните кои се однесуваат на високите цени на производите, сакаме да известиме и да потенцираме, дека ние како институција, немаме надлежност ниту пак можеме да влијаеме врз формирањето на цените на производите. Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлжени, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката. Дополнително, во секое време им стоиме на располагање на граѓаните. Доколку имаат некое прашање во врска со нашето работење, можат да ни се обратат, а ние соодветно ќе одговориме. Ги охрабруваме граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават кај нас во инспекторатот. Пријавите можат да се поднесуваат по електронски пат, на нашата веб страна или преку телефон на 02/3162 341, се наведува во соопштението од ДПИ.

Share This Article