Четири лица се повредени во голем пожар во 22-катница во Лондон, јавуваат британските медиуми.
Пожарот во Спиталфилдс избувнал на третиот кат од стан, кој бил целосно уништен, наведува Сан.
Во гаснењето на пожарот учествувале осум противпожарни возила и околу 60 пожарникари.
Четири лица се хоспитализирани како мерка на претпазливост, а според официјалните информации на лондонската противпожарна бригада, пожарот сега е ставен под контрола.
Како настанал пожарот не е познато, а случајните минувачи тврдат дека пламенот бил изгаснат во рок од 45 минути, откако контролорите примиле 21 повик поврзани со пожарот.
За гаснење на пожарот одозгора, противпожарната единица употребила вртлива скала од 32 метри.
Уништен е четирисобниот стан, а во пожарот оштетени се половина од балконот и дел од покривот на станот.
-Луѓето беа навистина загрижени дека пожарот ќе се прошири, никој не знаеше што ќе се случи. Имаше многу пожарникари и за среќа го фатија пред да се прошири – изјави случаен минувач.