Македонската машка ракометна репрезентација утре на гостински терен против Турција го игра вториот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров пред гостувањето во турскиот град Ван истакна дека неговите ракометари мораат да бидат внимателни доколку сакаат а ја остварат целта и да ја забележат втората победа.
–Пред нас е тежок натпревар на гостински терен. Турција е посериозна репрезентација од Луксембург. Поразот од Португалија не менува ништо и тоа не треба да нè залаже. На Турците им недостигаа ракометари кои ќе играат в недела. Очекувам квалитетен меч, рече Лазаров.
Македонските ракометари во воведното коло, на домашен терен, го совладаа Луксембург со 38-24, додека Турција претрпе висок пораз на гостувањето во Португалија (44-27).