Избран Министерски совет на Харков

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Властите назначени од Русија, кои ја зазедоа украинската област Харков, формираа Министерски совет. Информацијата ја соопшти шефот на окупациската воено-цивилна администрација во североисточниот украински регион Виталиј Ганчев.

Тој вчера објави дека потпишал указ за именување на Андреј Алексеенко за негов заменик и претседател на Министерскиот совет на регионот Харков.

Претходно вчера, Алексеенко поднесе оставка од функцијата градоначалник на јужниот руски град Краснодар, кој се наоѓа на нешто повеќе од 200 километри од анектираниот од Русија украински полуостров Крим.

Новоформираниот Министерски совет на „ослободените територии“ на регионот Харков првенствено ќе се занимава со економски и финансиски прашања, прецизира Ганчев.

Русија контролира околу 30 отсто од североисточниот украински регион. Харков, вториот по големина град во Украина, беше гранатиран од руската војска, при што само во последните денови загинаа 15 луѓе, според локалните власти.

Русија официјално не ги објави плановите за анексија на областа Харков Сепак, според Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, таа сака да го анектира овој граничен украински регион, или барем дел од него.

Окупациските власти во областите Запорожје и Херсон во јужна Украина веќе ја објавија својата намера да организираат референдуми за приклучување кон Руската Федерација веќе следниот месец. Сè уште не е јасно дали овие избори ќе се одржат, и евентуално кога.

Според ТАСС, Русија зазела 70 отсто од областа Запорожје и од март го контролира Херсон. Украина, пак, тврди дека ја вратила под контрола својата територија и подготвува контраофанзива за повторно да го заземе Херсон.

Share This Article