Изборот на претседател да се прави во Собрание, а не повеќе на избори

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Партијата Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста информира дека вонредна прес-конференција одржал претседателот д-р Арбен Таравари во Тетово. Таравари посочува дека има две цели за претстојните избори за претседател на државата, и смета дека во иднина изборот на претседател треба да се прави во Собранието.

– Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна: прво имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори и второ, сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем. Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот – истакнува Таравари.

Потоа тој вели дека неговата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери.

– Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи: Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, второ, отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик, трето, изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори. Ова е големата вест. На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции – посочува Таравари.

Тој побара поддршка од Албанците и од ДУИ.

– Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура. Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија – се вели во изјавата на Таравари која ја пренесува неговиот кабинет.

Share This Article