Синоќа, 8 ноември 2022 година во Салата на Советот на општина Кавадарци се одржа Изборна конференција на општинската организација на НСДП-КАВАДАРЦИ.
Владимир Клинчаров е старо нов претседател на НСДП-Кавадарци со едногласна поддршка на делегатите на Конференцијата.
Исто така беа избрани членови на Извршниот и Надзорниот одбор на општинската организација.
На конференцијата беа присутни претседателот Горан Мисовски кој се обрати пред делегатите, а исто така беа присутни и потпретседателите Јулијана Цековска и Драги Крстев, генералниот секретар Мики Милковски и секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски.