More

    Изборите во САД ќе одлучат дали Републиканците се враќаат на голема врата

    spot_img

    САД денеска се на крстопат. На средорочни избори се одлучува која партија ќе го има мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот. Победата на Републиканците и нивната контрола во овие институции ќе значат неколку нешта – скратена помош за Украина, разнишана доверба во владата на Џо Бајден и бавно враќање на Доналд Трамп кој рече дека речиси е сигурно дека ќе се кандидира за претседател во 2024 година. Па дури можат да значат насилство и враќање на кобниот 6 јануари кога беше извршен упад во Капитолот.

    Бајден од друга страна денеска изрази оптимизам дека неговите Демократи ќе го задржат мнозинството меѓу 435-те места во Претставничкиот дом и 35-те од 100 места во Сенатот.

    Но, во последните анкети, само 39 отсто Американци ја пофалиле работата на Бајден.

    – Видете, ако можеме да се задржиме, ќе бидеме во неверојатна форма. Замислете што можеме да направиме во вториот мандат ако ја задржиме контролата. Знам дека ова звучи како многу високо очекување, но во секој случај јас сум оптимист – изјави Бајден.

    Покрај тоа, американскиот претседател повторно предупреди на опасностите од изборот на „екстремните републиканци“ поддржани од Доналд Трамп, нарекувајќи ги „една од најмрачните сили“ во историјата на САД.

    Плусинфо веќе пишуваше дека враќањето на Републиканците би можело да ја намали воената помош за Украина. Но, истовремено, познато е дека преку ленд-енд-лиз системот за директни заеми со кој САД уште во Втората светска војна ги финансирале своите сојузници, меѓу кои СССР, сега може да биде на сила. Со овој систем, САД би можеле да ја финансираат Украина до крајот на 2023 година.

    Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси(82) изјави дека потребно е само еден поединец да го разгори пламенот на насилството. Пелоси рече и дека неодамнешниот напад на нејзиниот сопруг ќе влијае на нејзината одлука за сопствената политичка иднина по среднорочните избори.

    Сопругот Пол Пелоси беше хоспитализиран откако беше нападнат дома од натрапник на 28 октомври. Инцидентот заврши без жртви, но ја дигна Америка на нозе. Според полицијата, целта на напаѓачот не бил Пол, туку Ненси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img