Изабел Томас, сопруга на холивудскиот продуцент Бредли Томас, извршила самоубиство, како што е потврдено од канцеларијата на судска медицина во Лос Анџелес

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изабел Томас, сопруга на холивудскиот продуцент Бредли Томас, извршила самоубиство, како што е потврдено од канцеларијата на судска медицина во Лос Анџелес.

Изабел Томас почина на 39-годишна возраст, кога во понеделникот вечерта, на 29 јануари, скокнала од хотелот „Анџелено“, пишува „Дејли мејл“.

Градските власти навеле дека начинот на смртта бил самоубиство, односно повеќекратни трауматски повреди предизвикани од скокот.

Полицијата во Лос Анџелес за споменатиот медиум изјавила дека одговорила на повик од холивудскиот продуцент, а потоа и ја пронашле неговата сопруга во хотелскиот базен.

Сведоците првично рекле дека мислеле дека таа скокнала од покривот, меѓутоа, истражителите утврдиле дека Изабел скокнала од терасата на еден од повисоките катови. Медиумите јавуваат дека не е пронајдено проштално писмо, но полицијата не ја потврди оваа информација.

Бредли Томас, кој е еден од продуцентите на филмот „Убијци на цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), кој неодамна доби 10 номинации за Оскар, бил во брак со Изабел од 2018 година, а двојката има две мали деца.

Тие беа фотографирани заедно на прославата на БАФТА во Беверли Хилс пред само две недели, а Изабел била насмеана и немало навестување за проблеми.

Бредли долги години е продуцент на голем број главни филмски наслови како „Глупав и поглупав“, „Има нешто околу Мери“, „Сите пари на светот“, „Триаголник на тагата“ и други.

Share This Article