Иванка Трамп блесна во костум од 920 евра во победничката ноќ на својот татко

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иванка Трамп, ќерката на новиот американски претседател Доналд Трамп, која беше негова десна рака во минатиот мандат, се појави со другите деца на Трамп на сцената за да му даде поддршка на својот татко за време на неговиот победнички говор на претседателските избори во САД.

Иванка (43) се појави на сцената во конгресниот центар Вест Палм Бич на Флорида со својот сопруг Џаред Кушнер, а за таа прилика избра кралско син костум.

Иванка, инаку позната по својот елегантен стил, за оваа прилика избра кадифено одело од француската модна куќа „Задиг и Волтер“,  кое се состои од плато и ѕвонести панталони.

Инаку, на официјалниот сајт на брендот пишува дека цената на палтото е 575 евра, додека панталоните чинат 345 евра. Заедно со комлетот од 920 евра, таа ја заокружи модната комбинација со сина свилена кошула, обетки и црвен кармин.

 

Share This Article