Иван раскажа како се чувствувал додека 21 час чекал спас во морето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопјанецот Иван (30) кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа во морето, за грчката телевизија СКАИ раскажа што преживеал додека чекал да биде спасен.

– Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места, сфатив дека веројатно нема да ме најдат. Беше разочарувачки. Поминаа 20, скоро 21 час – вели Иван.

Кога беше спасен тој рече дека тоа бил најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој поминал, и дека никогаш нема да го заборави.

Во разговор со новинарот Христос Николаидис, Иван опишува како морските струи го однеле од плажата Мити каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.
Во тие моменти главни противници му биле студот и темнината. Иван го опишува „мирисот на смртта“ кој вели дека го почувствувал во текот на ноќта кога немал надеж дека ќе биде спасен.

– Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрирате на својот опстанок – вели Иван.
Сѐ додека една топка не му ја смени судбината…

– Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав до неа и ја држев со рацете. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки – вели Иван за топката, која иако издишана, го одржала во живот додека со часови бил во вода.

Тој многу се заблагодарува до сите што учествувале во неговото спасување додека се сеќава како се почувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Тројца Македонци беа повлечени од морските струи на 9 јули на брегот Мити. Набрзо од морето беше извлечен Васил, а потрагата по Мартин Јовановски прекина пред десетина дена.

Share This Article