Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.

– Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции – вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.

Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.

– Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност – посочува доктор Реџепи.

Share This Article