Италијанскиот убиец 16 години се криел од полицијата работејќи како пица готвач

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осудениот италијански убиец за кој се верува дека е дел од една од најмоќните мафијашки организации во земјата, бил откриен како готвач за пица пред да биде уапсен по 16 години во бегство.

63-годишниот Едгардо Греко е осомничен за припадност на озлогласената „Ндрангета“, моќна мафијашка организација во Калабрија, јужна Италија, се наведува во текстот на британскиот весник „Гардијан“.

Интерпол соопшти дека Греко бил уапсен во четвртокот во францускиот град Сент Етјен, каде што некогаш водел италијански ресторан под псевдоним.

Италијанските власти го бараат Греко да отслужи доживотна затворска казна за убиствата на Стефано и Џузепе Бартоломео, се вели во соопштението на Интерпол.

Тој беше обвинет и за обид за убиство на Емилијано Мосијаро „како дел од мафијашката војна меѓу бандите Пино Сена и Перна Прано, што ги карактеризираше раните 1990-ти“.

Браќата Бартоломео беа претепани до смрт со железни шипки во магацин за риби во јануари 1991 година, соопшти италијанската полиција. Нивните тела никогаш не биле пронајдени и се верува дека биле растворени во киселина.

Во јуни 2021 година, Греко стана сопственик на италијански ресторан во Сент Етјен наречен Caffe Rossini Ristorante, кој го водеше до ноември 2021 година, соопштија француските обвинители.

Според документите што ги видел Франс прес, тој го користел името Паоло Димитрио и работел во други италијански ресторани во градот.

Греко работел и ноќна смена во пицерија под неговото лажно име, пишуваат италијанските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

По апсењето во раните утрински часови, тој се појави пред истражен судија во Лион кој формално го извести за италијанската потерница, соопштија обвинителите. Потоа му беше одреден притвор.

Share This Article