More

    Италијанскиот премиер Марио Драги повторно поднесе оставка

    spot_img

    Италијанскиот премиер Марио Драги денес во парламентот ќе ја соопшти оставката, јавува агенцијата Анса, откако вчерашното гласање за доверба на неговата влада беше бојкотирано од сенаторите на три партии од неговата коалиција: Форца Италија, десничарската партија предводена од поранешниот премиер Силвио Берлускони, екстремно десничарската Ла Лига, предводена од популистичката Матео Салвини и популистичкото Движење 5 ѕвезди (M5S).

    Тројцата главни коалициски партнери на премиерот одбија да учествуваат во синоќежното гласањето за доверба што тој го повика за да се обиде да стави крај на поделбите и да ја обнови алијансата.

    Трите водечки коалициски партнери на Драги и официјално ќе објават повлекување, јавува Танјуг.

    Марио Драги поднесе оставка минатата недела, но претседателот Серџо Матарела ја отфрли и го упати во парламентот да се обиде да обезбеди широка коалиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img