Италијанскиот ловец на тартуфи Ромоло Лазари Италијански ловец на тартуфи пронашол тартуф тежок речиси два килограмивикендов пронашол црн тартуф тежок 1,79 килограми во близина на изворот на реката Тибар во централната италијанска област Умбрија. Тој е еден од најголемите и најтешките тартуфи досега.
Ловецот на тартуфи Ромоло Лазари изјави дека никогаш не видел такво нешто во 50-те години што ги барал тартуфите. „Не можев да им верувам на очите. Но, заслугата не е моја, но моето шестгодишно ловечко куче Пепе го заслужува признанието“, додаде тој.
Тој е еден од најголемите тартуфи некогаш пронајдени. Според Гинисовата книга на рекорди, најголемиот тартуф некогаш пронајден е исто така пронајден во централна Италија во 2014 година, тежок 1.890 грама. Подоцна беше продаден на аукција во Њујорк за нешто повеќе од 60.000 американски долари.
Лазари го пронашол џиновскиот црн тартуф во шума во близина на градот Чита ди Кастело во централна Италија, кој е еден од главните центри за берење италијански тартуфи – активност што беше вклучена во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2021 година.
Во Италија постои мрежа од повеќе од 70.000 собирачи на тартуфи, наречени „тартуфаи“, на кои во потрагата им помагаат специјално обучени ловечки кучиња.
Црните тартуфи се релативно чести во централна и јужна Италија, пренесува австриската агенција АПА. Според експертите, цената за килограм годинава е околу 500 евра. Поретки и поскапи од црните тартуфи се белите тартуфи, кои често достигнуваат небесно високи цени. Годинава тие се околу 3.500 евра за килограм, а поголемите бели тартуфи често се продаваат на аукции за неколку десетици илјади евра.