Италијанската премиерка мислела дека разговара со африкански политичар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во телефонски разговор, во кој мислела дека разговара со „африкански лидер“, вели дека постои „голем замор“ поради војната во Украина и дека таа има идеи како „да се најде излез“.
Од канцеларијата на Мелон потврдија дека таа била измамена во телефонски разговор, кој се случил на 18 септември, „од измамник кој се претставил како претседател на Комисијата на Африканската унија“, пишува Гардијан.

Според пишувањата во италијанскиот печат, таа била повикана од двајца руски комичари Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, од кои едниот на Мелони и се претставил како „африкански политичар“.
Вован и Лексус на социјалните мрежи објавија снимка од повикот, која трае околу 13 минути.

 

 

Италијанската Влада не ја коментираше содржината на повикот.

Руското дуо, кои важат за блиски до владата на претседателот Владимир Путин, ги измамиле и поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас и поранешната градоначалничка на Берлин, Франциска Гифи.

За разговорот со Меркел, еден од двајцата се претставувал како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Share This Article