Италијанската финансиска полиција ја заплени во Трст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јахтата на рускиот олигарх Андреј Мелниченко е запленета вчера од страна на италијанската финансиска полиција. Бродот наречен „SY A“ е вреден околу 530 милиони евра и се наоѓа во складиште во североисточното пристаниште Трст.

Станува збор за една од најголемите јахти во светот, според нејзиниот производител „Нобискруг“.

ЕУ го санкционираше Мелниченко на 9 март како дел од продолжените санкции против руските олигарси, а сега му е конфискуван луксузниот брод. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива EuroChem Group и на компанијата за јаглен СУЕК.

Јахтата е долга 150 метри, запловила во 2008 година, а се проценува на 530 милиони евра.

На социјалните мрежи се појави и видео од Трст на кое се гледа моментот кога јахтата била запленета.

 

Во одлуката на Советот на ЕУ, кој ги одобри санкциите против Мелниченко, се наведува дека тој и уште 36 бизнисмени се сретнале со рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина за да разговараат за потенцијалното економско влијание на санкциите на ЕУ и САД.

Share This Article