Еден Италијанец настрадал под повеќе од илајда пити кашкавал кои паднале врз него откако се откачила полица во магацин во Ломбардија.
Спасувачите морале рачно да ги преместат сирењата и полиците и им биле потребни околу 12 часа за конечно да го пронајдат телото на загинатиот маж, пренесува Гардијан.
Магацинот, кој се наоѓа во гратчето Романо ди Ломбардија во близина на Бергамо, содржел 25.000 пити од кашкавалот „Гран Падано“, тврдо сирење кое наликува на пармезан и е многу популарно во Италија.
Некои од питите наводно паднале од височина од околу 10 метри, а локален жител за италијанските медиуми изјавил дека падот звучел „како гром“. Причинетата економска штета е проценета на 7 милиони евра. Зборувајќи за италијанските медиуми, еден сосед го опишал Чипарини како „дарежлив“ човек.